Notebook and Pen

Секој има прикаска. Која е твојата?

Катерина Китоска

Советник

+389 71 373 504

Здраво, јас сум Катерина. Ова е мојата кратка прикаска.

Мојот пат на професионално поле го започнав за време на престојот во Соединетите Американски Држави (САД). Благодарение на лесната адаптибилност кон различни култури и мотивацијата за постојано учење, личен и професионален развој, како и желбата за стекнување нови искуства, имав прилика да соработувам со семејства од различни делови на САД. Семејства кои имаа слична потреба во однос на грижа, нега и едукација за нивните деца, но беа сосема различни во пристапот, индивидуалните барања, грижите кои ги споделуваа и резултатите кои ги очекуваа.

Во деловниот свет влегов пред повеќе од пет години, и тоа во првата агенција за нега и чување на деца во нашата земја, BabySitting Service. Како customer manager работев на менторирање, советување, идентификување на потреби и очекувања на 500+ клиенти кои бараа услуги за грижа и нега на нивните деца. Низ текот на работењето имам учествувано на обуки, студиски посети во и надвор од земјата, како и онлајн курсеви за усовршување и континуирана едукација во областа на консалтингот. Исто така, секојдневно соработував и со давателите на услуги во дејноста згрижување и нега на деца, и тоа при насочување и поддршка, профилирање, испорака на професионални услуги и помош при вработувања.

Од август 2020 година, работам како Советник на родители во First Five Association. Основната улога како советник ја остварувам преку поддршка на најголемите аспирации на своите клиенти и нивните семејства, со цел хармоничен и радосен семеен живот. Посветена сум на менторска поддршка и професионални лични услуги во зависност од барањата на родителите. Менторската поддршка ја засновам на принципот дека родителите знаат што е најдобро за нивното дете, а јас како советник сум тука да давам постојана професионална, етичка и емотивна поддршка. Што се однесува до професионалните лични услуги при избор на дадилка/негувателка/специјален едукатор/воспитувач/бебиситер, мојата улогата претставува комплетна организација и извршување на активностите во целиот процес или во еден дел од процесот исто така во зависност од желбите на мојот клиент.

©2020 by First Five Association. 

Аминта Трети 58/1-15, IV кат

1000 Скопје

www.firstfivemk.com

+389 72 697 481

+389 2 3 126 135