Советник за родители

Во денешниот свет, не е лесно да се биде родител - и уште потешко е да се најде добра, сигурна и прифатлива грижа за децата. Наоѓањето дадилка не е мала задача, а денес родителите се соочуваат со овој предизвик повеќе отколку кога било досега. Без разлика дали сте од Скопје, Битола, Охрид, град или село, големи се шансите дека многу од родителите што ги знаете се потпираат на некоја форма на редовна грижа за децата. Бројот на семејства со двајца вработени родители продолжува да расте, па дури и мајки и татковци кои избраа да бидат дома или да работат од дома со скратено работно време, честопати бараат дополнителна поддршка за да бидат во чекор со темпото и барањата на модерното родителство.


Што е советник за родители?

Советник за родители е личност која ги поддржува Вашите најголеми аспирации и тоа за Вас, за Вашите деца и за Вашето семејство. Услугите на советникот за родители се наменети за родители, парови и едно родителски семејства кои се стремат кон хармоничен и радосен семеен живот. Советување е колаборативен процес со кој Вие - родителот, ги избирате целите на кои сакате да работите. Потоа Советникот е тука да Ви помогне да Ви даде поддршка, консултации и предлози со цел да ги постигнете своите цели.


Како работи Советникот?

Советникот работи флексибилно, врз основа на Вашите потреби. Советникот може да работи лично и директно, по телефон, преку електронски пораки (e-mail) и / или преку различни видови на дигитална комуникација. Советувањето на далечина има многу предности: Не морате да ангажирате дадилка/бебиситерка да го чува Вашето дете, не морате да правите посебни планови кога и како да најдете време за состаноците со Советникот. Советникот е флексибилен и може да работи во различно време во зависност од договорот со родителот.


Што работи Советникот за родители?

Во зависност од тоа што Ви е потребно на Вас, Вашето дете и Вашето семејство, Советникот можете да го ангажирате како менторска поддршка или за професионални лични услуги.


Менторска поддршка на родители


Денес можете да најдете стотици ресурси на располагање за да разберете како да зготвите органска кашичка или како да го заспиете Вашето дете, но речиси нема никој што ги учи мајките и татковците како да го изберат вистинскиот начин за да пронајдат дадилка, или како ефикасно да работат со дадилката. Многумина од клиентите кои доаѓаат кај нас, се за првпат родители и се целосно запрепастени од процесот на барање на дадилка - каде да најдат дадилка, што да очекуваат и колку да платат. Меѓутоа, наши клиенти се и оние родители, кои и покрај најдобрите намери, ангажирале по пет дадилки за две години и немаат идеја што прават погрешно.

Повеќето родители се потпираат на советите од своите пријатели при барање на дадилка, но без докажан систем или стратегија за да ги употребат, родителите завршуваат правејќи грешки. Ваквите грешки ја поставуваат основата за идните проблеми: родителите даваат приоритети на погрешни квалификации, поставуваат погрешни прашања и не успеваат да го добијат она што им е навистина потребно. Не помага ни реалноста дека „дадилскиот свет“ е како „Дивиот Запад“, потполно нерегулиран и честопати во сива зона, не постојат правила, не постои стандардизиран протокол за обука или ангажирање и нема никаков професионален надзор. Секој може да се рекламира како дадилка, а сепак откривме дека многу родители прават подетални анализи кога купуваат автомобил отколку што прават кога ангажираат дадилка за своето дете.

Менторската поддршка се заснова на принципот дека родителите знаат што е најдобро за нивното дете, а советникот е тука да дава постојана професионална, етичка и емотивна поддршка. Како?

Процесот започнува со детална проценка на семејните потреби, заснована на искуство, за да Ви помогне да ги идентификувате Вашите желби и Вашите потреби. Потоа, Вашите потреби ги преведуваме во вистински опис на работата и користиме четири клучни точки на интеракција: основен скрининг, проверки на референци, интервјуа и проби - за да ги усогласиме Вашите потреби со потенцијалните кандидати. Додека многу родители веќе ги прават овие чекори во некаква форма, начинот на кој ние пристапуваме кон нив е единствен. Редоследот на чекорите е исто така многу важен. На пример, правиме проверки на референци пред да се сретнеме со кандидати лице в лице, затоа што од искуство знаеме дека кога проверката се прави правилно, она што можете да го осознаете од претходни работодавачи кажува многу повеќе отколку самото интервју.

Чини се дека целиот процес е како некаква посебна наука, но целосната идеја на нашата методологија е дека доколку го следите процесот и чекорите, резултатите се предвидливи и успешни. Ова е дел од одговорноста која ја имате спрема Вашето дете, Вашето семејство и Вас самите.


Професионални лични услуги при избор на дадилка/негувателка/специјален едукатор/воспитувач


Чувствувате родителски страв, сомнеж, стрес сè додека се уверите во професионалноста, доверливоста и стручноста на ангажираното лице. Но што доколку сфатите дека сте направиле погрешен избор чии последици ќе се одразат на Вашето дете? Избирање на соодветна личност за Вашето дете е сериозен, долг и напорен процес. Можеби немате време, или сакате времето да го искористите на друг начин. Презафатени сте со сите обврски што ги носи родителството, работата, современиот начин на живот. Меѓутоа, нема компромиси кога се работи за детето. Сите го сакаме само најдоброто.

Улогата на Советникот е целосна организација и извршување на активностите во целиот процес или во еден дел од процесот. Услугите што ги извршува Советникот за родители се:


  • Креирање на барање

  • Објава на барање/оглас

  • Процесирање на барање и испраќање директно до баратели на работа

  • Објава на Facebook страната

  • 30 минути онлајн совети и консултации

  • Селекција на кандидати од платформата Babysittingmk.com

  • Селекција на надворешни кандидати

  • Тестирање на кандидати (пишани тестови: тест за дадилки, педијатриска прва помош, тест од општа култура)

  • Интервјуирање на кандидати

  • Проверка на биографија, претходно работно искуство и препораки

  • Проверка на кривично досие, лиценца за работа, сертификати и образование

  • Доставување на потесна листа и поединечни профили на кандидати до Родителот

  • Организирање и одржување на интервјуа со кандидати и Родителот

  • Анализа и оценка на кандидати

  • Административно техничка поддршка во законска рамка, регулирање на ангажманот и договорот

  • Подготовка за успешно започнување на ангажман

Вие одлучувате дали сакате целата работа да му ја препуштите на Советникот за родители или сакате да Ви помогне во еден дел од процесот за кој сметате дека Ви е неопходна стручна помош. Доколку сакате професионална асистенција во дел од процесот, имате можност сами да изберете на што истата ќе се однесува: дали тоа ќе биде дефинирање на Вашите потреби, анализа, подготовка и процесирање на барање; селекција на кандидати и проверка на биографија, работно искуство, образование и кривично досие или пак организирање на средби со кандидатите и советодавна помош во водење на интервјуата и избор на најдобриот кандидат. Детството на Вашето дете се случува само еднаш во неговиот живот, затоа изберете ја вистинската дадилка која преку игра ќе работи на неговиот психофизички развој и ќе направи овој период да го памети засекогаш со насмевка на лицето.


Имате прашања? Контактирајте не

Ние сме тука да Ви помогнеме. Контактирајте не преку е-маил, телефон или социјални медиуми.

undraw_calling_kpbp.png
undraw_inbox_oppv.png
undraw_social_girl_562b.png

©2020 by First Five Association. 

Аминта Трети 58/1-15, IV кат

1000 Скопје

www.firstfivemk.com

+389 72 697 481

+389 2 3 126 135