Советник за доење

Доењето е природен начин да го започнете вашето животно искуство како мајка. Па сепак, понекогаш ви се чини дека работите не одат така лесно и така природно. Можеби некоја од Вашите пријателки имала потешкотии со доењето, можеби Вашата мајка не можела да дои, сте слушнале различни искуства, различни прикаски кои Ве плашат. Во современо доба кога имаме многу различни опции и алтернативи, можно е да се прашувате дали доењето е за вас, како да ги надминете предизвиците и колку ќе влијае на Вашиот живот?


Што е советник за доење?

Улогата на советниците за доење е да им помагаат на мајките во процесот на доење преку лична поддршка, охрабрување, обезбедување на информации и едукација во оваа област. Избирање на вистинскиот советник за доење претставува важна одлука во Вашиот живот. Вас Ви е потребен професионалец кој ќе Ви понуди насоки и поддршка, уверување и посветеност потребни за да ги надминете сите предизвици со доењето. Советниците за доење имаат различни образовни и работни биографии, вклучувајќи: мајки, врснички - советници, едукатори, медицински сестри, едукатори за породување, дули, нутриционисти, акушерки, лекари и други здравствени и нездравствени работници. Советниците можат да работат здравствени установи, како и во независна приватна пракса. Кога се работи за професионалци кои се во областа на доење разликуваме: советници за доење и сертифицирани консултанти за доење. Советниците за доење не се задолжително здравствени работници, додека сертифицираните консултанти за доење се професионалци со образование и искуство од областа на здравството. Советниците за доење работат како дел од меѓународни организации како што се La Leche League International, Breastfeeding USA и слично, додека сертифицирани консултанти за доење се акредитираат преку Меѓународна комисија на консултанти за доење IBLCE - International Board of Lactation Consultant Examiners.


Како работи советник за доење?

Советникот работи флексибилно, врз основа на Вашите потреби. Советникот може да работи лично и директно, по телефон, преку електронски пораки (e-mail) и / или преку различни видови на дигитална комуникација. Советникот е флексибилен и може да работи во различно време во зависност од договорот со мајката. Советникот може да организира групни и поединечни сесии со мајките.


Што работи советник за доење?

Советниците, особено Лидери на La Leche League International, ја знаат важноста на поддршката на мајките да ја откријат радоста и задоволството од доењето. Советникот за доење им помага на мајките да научат да ги дојат своите бебиња, ги охрабрува мајките преку доењето и промовира подобро разбирање на доењето и сродните теми. Во рамките на својата работа Советникот:

  • организира и одржува преднатални часови за бремени жени

  • организира и одржува индивидуални и групни сесии со бремени жени и мајки

  • дава поддршка и совети во првите денови по породување и започнување со доење

  • промовира доење и им помага на мајките да ги постигнат своите цели за доење

  • ја прилагодува поддршката и учењето за да ги задоволи потребите на мајката, вклучувајќи го и нивото на јазик и писменост

  • подучува и советува мајките за процес на доењето

  • подучува мајките за позиции на доењето и правилна лактација

  • подучува мајките за правилна употреба на пумпа за измолзување: начин, фреквенција, вид на пумпа

  • дава поддршка во случајот на одредени состојби (маститис, затворање на млечни канали, прекумерна продукција на млеко, недоволна продукција на млеко и други)

  • евидентира прецизни записи, податоци и статистики со цел да се обезбедат точни податоци за подобрување на квалитетот и подобрување на доењето

  • соработува со други медицински работници

  • одржува континуирана професионална едукација

  • се придржува кон етички норми и кодекси на организацијата.

Кога да побарате Советник за доење?


Советникот за доење можете да го побарате доколку:

  • Чувствувате болки додека го доите бебето

  • Имате болни и/или рането брадавици кои не се подобруваат

  • Вашето бебе се тешко буди за хранење

  • Вашето бебе не добива доволна тежина

  • Чувствувате дека продукција на млеко е ниска

  • Се сомневате дека имате блокиран млечен канал или маститис

  • Вашето бебе покажува знаци на инфекција од брадавици

  • Имате прашања за користење на одредени медикаменти во текот на доењето

  • Бремени сте и загрижени околу можности/способности за доење

  • Имате здравствена состојба што може да го влијае на доењето

  • Потребна ви е помош при одвикнување

  • Потребна ви е помош и поддршка при враќање на работа

  • Доколку Вашето бебе цица помалку од шест пати за 24 часа во првите четири до шест недели

  • Вашето бебе не троши најмалку шест пелени на ден, особено во првите шест недели

  • Вашето бебе е вознемирено додека цица или одбива да дои

  • Во секое време кога имате прашања во врска со кој било аспект на доењето или едноставно сакате да ги разјасните работите

Студиите покажуваат дека со помош на советник за доење сите мајки успеваат да ги надминат проблемите и предизвиците во доењето. Советниците за доење го промовираат доењето како важен елемент во здрав развој на бебето и мајката и нивната меѓусебна врска. Поддршката за доење не е само поддршка кога се соочувате со проблем или предизвик. Поддршката за доење вклучува и емоционална поддршка која е најважна за мајката, особено во првите денови по породување. Хормонален дисбаланс, чувство на ранливост, несигурност, страв се нормални чувства и појави со кои можат да се соочат мајките. Во таква ситуација, емоционалната поддршка од советникот за доење игра важна улога и за мајката и за бебето.

Без оглед на тоа со кој проблем се соочувате, советникот за доење е Вашата поддршка и ќе Ве води низ процесот нежно и според Вашите чувства и потреби.

Имате прашања? Контактирајте не

Ние сме тука да Ви помогнеме. Контактирајте не преку е-маил, телефон или социјални медиуми.

undraw_calling_kpbp.png
undraw_inbox_oppv.png
undraw_social_girl_562b.png

©2020 by First Five Association. 

Аминта Трети 58/1-15, IV кат

1000 Скопје

www.firstfivemk.com

+389 72 697 481

+389 2 3 126 135