Иновативни Бенефиции за Инвестиции

Воспоставување на рамнотежа помеѓу деловен и приватен живот (work-life balance) е предизвик со кој се соочуваат како работодавачи така и вработени. Флуктуацијата на вработените, високи трошоци на обука и тренинг, платени и неплатени отсуства, потешкотии во задржување на вработените само се дел од проблемите со кои се сочуваат работодавачите. Од друга страна, распоред на работно време, потреба за дополнителна и континуирана едукација (и време за истата), рокови, прекувремена работа се клучни фактори кои ги потенцираат вработените во однос на воспоставување на work-life balance.
Посебен предизвик се млади семејства со двајца вработени родители и дете/деца од предучилишна возраст, па се до навршување на 12 години.
Вработените се инвестиција на компанијата. Како да остварувате приход од вашата инвестиција. Анализа на потреби, креирање и анализа на бизнис модел прилагоден на компанијата, анализа и ревидирање на политики поврзани со човечки ресурси, влијание во иднина се дел од алатките со кои тоа можете да го направите.

Иновативни Бенефиции за Инвестиции