Достапно онлајн

Раскажи ја твојата приказна  

Обука за креативно пишување со Катерина Смилевска

  • Started Aug 9
  • 90 euros
  • Online

Опис

Како вашата идеја да ја пренесете во приказна која сакате да му ја раскажете на светот?  Сите добри приказни, без разлика дали се работи за расказ, роман, драма или сценарио, имаат структура и ги содржат есенцијалните елементи! Тоа е она на кое ќе се фокусираме: Како да раскажеме добра приказна! Оваа  обука ги содржи најбитните елементи кои треба да бидат содржани во секоја мајсторски создадена приказна, од почеток до крај. Обуката ќе Ви даде практични совети како да ја користите Вашата креативност, да го одржите фокусот за време на пишување и да го развиете целиот творечки процес за да раскажувате приказни кои секој сака да ги слушне, прочита и види! Цели на обуката Запознавање со методи на Brainstorming и развивање идеи Формулирање на своите идеи и употребување во приказна   Идентификување идеи кои можат да функционираат во приказна Препознавање на основна структура на приказна: почеток, средина и крај Запознавање на фундаменталните елементи на добро раскажана приказна Дефинирање на алатки за градење на цврста структура Креирање профил за секој лик од приказна Развивање на дијалог во приказна Согледување на слаби страни во приказна Развивање на самодисциплина во пишувањето Применување стратегии за надминување на „писателски блокади“ Тематски единици Дисциплина во пишувањето Аристотел „За поетиката“ Мапирање на елементите на добро раскажана приказна Градење на цврста структура Создавање полнокрвни ликови Развој на дијалог   Развивање идеи и Brainstorming Совети Обучувач Катерина Смилевска, дипломиран драматург.  Пишувањето е единствената професија во светот која во себе содржи боговска димензија за создавање (давање и земање) живот на еден лик. На писателот му се потребни само три работи да биде семоќен: раце да пишува, имагинација да замислува и занает да биде читан, слушнат, раскажуван. Првите две ги имаме речиси сите, а занаетот може да се научи. Да го научиме заедно. Распоред на сесии  09 август 2021 – 13 август 2021 18:30 – 20:00 часот, онлајн преку апликацијата ZOOM  Котизација Цената за учество на вебинарот изнесува 90 EUR за еден/на учесник/чка. Во цената е вклучено: учество на обука, материјали од обука во електронска форма и сертификат. Плаќањето се врши по основ на про-фактура пред одржување на обуката. Пријавување Пријавување и уплата за учество се врши најдоцна до 7 август 2021. За студенти и рани уплати до 01 август 2021 следува попуст од 10%. Возрасна граница за пријавување: полнолетни лица кои не се формално образовани за пишување.

Распоред на сесии

Контакт

+38972697481

contact@firstfivemk.com