Достапно онлајн

Работа со деца со АДХД во градинки

  • Started May 31
  • 15 euros
  • онлајн

Опис

Оваа обука е дизајнирана да им помогне на воспитувачките и негувателките да се запознаат и да препознаваат АДХД кај децата.  Ова е обука за успешни воспитувачки и негувателки кои имаат работно искуство со деца со различни потреби и сакаат да се надоградуваат во своите знаења и вештини. Поаѓаме оттаму дека веќе добро работите со децата и дека сакате понатаму да ги развивате или продлабочувате своите вештини и капацитети како професионалец кој работи со деца со АДХД. Ова значи дека практиките наведени во оваа обука, се нудат за размислување и како опции што треба да се разгледаат, прилагодат и спроведат во работата со деца со АДХД. Стратегиите и знаењата кои се стекнати претставуваат можности да размислите и да експериментирате со вашата пракса и да го проширите вашиот професионален репертоар. Ова треба да доведе до пристап кон работата со деца со АДХД што е соодветен за вас, за вашите околности и децата кои ги поддржувате. Иако оваа обука е дизајнирана првенствено за луѓе кои се нови во работата со АДХД, многу од идеите и практиките треба да бидат релевантни и за поискусните негуватели и воспитувачи. Целите на обуката  се: - запознавање со поимот АДХД - препознавање на АДХД кај децата - дефинирање на различни типови на АДХД - разбирање и препознавање на полови разлики кај АДХД - познавање на психолошки состојби поврзани со АДХД - применување на стратегии и практики за работа на деца со АДХД Теми на обуката се: - Поим за АДХД - Препознавање на АДХД - Социјализација на деца со АДХД - Стратегии за работа со деца со АДХД во градинка - Игри и активности за деца со АДХД Учесниците на обуката се стекнуваат со сертификат и 4 часа континуирана професионална едукација за продолжување на лиценца. Обучувач Иван Христов, дипломиран психолог и едукант по Гешталт психологија Датум, време и место Понеделник 31 мај 2021, од 17:00 до 21:00 часот, онлајн преку ZOOM апликација Котизација Цената за учество на вебинарот изнесува 850,00 МКД за еден/на учесник/чка.  Во цената е вклучено: учество на вебинар, материјали од вебинар во електронска форма и Сертификат. Плаќањето се врши по основ на про-фактура пред одржување на вебинарот или по основ на фактура по одржување на вебинарот (за правни лица). Пријавување Пријавување за учество на обука се врши најдоцна до 30 мај 2021. За учесници кои ќе уплатат котизација до 27 мај 2021, попуст на обука изнесува 10%.

Распоред на сесии

Контакт

+38972697481

sarizanov@firstfivemk.com