Достапно онлајн

Менторство во детски градинки - 15 март

Континуирана едукација за продолжување на лиценца

  • Started Mar 15
  • 13 euros
  • Онлајн

Опис

Обука е наменета за вработени во детски градинки со цел унапредување на вештини и професионален развој. Обуката е дел од континуирана едукација за вработени во градинки. По завршување на обуката учесниците ќе се стекнат со сертификат за присуство на обука, со вкупен број на часови кои можат да ги приложат како дел од континуирана едукација за продолжување на лиценца за работа. Оваа обука е дизајнирана да го поддржува понатамошниот развој на воспитувачи во нивната важна улога на менторствo. Обуката опфаќа широк спектар на испробани и тестирани стратегии во комбинација со добро развиено разбирање на работните задачи. Поаѓаме оттаму дека веќе добро работите со колегите и дека сакате понатаму да ги развивате или продлабочувате своите вештини и капацитети на ментор на помалку искусен или нов колега. Што добивате? - 4+2 часа континуирана едукација за продолжување на лиценца - 4 часа интерактивна, динамична обука - 4 часа професионална дискусија - дополнителни 2 менторски сесии 1 на 1 со обучувачот (по Ваш избор) - поддршка за кариерен развој од страна на F5 Advisory - можност да станете иден обучувач Целите на обуката се: - запознавење и разбирање на концепт на менторство - препознаваање и поттикнување на институционалната поддршка од градинката - идентификување на задачите на менторот - разбирање на обврските на менторот и на оној кој е менториран - дефинирање на пристапи кон менторираниот - применување на стратегиите и опции за менторирање Идеите претставуваат можности да размислите и да експериментирате со вашата пракса и да го проширите вашиот професионален репертоар. Искористете ја оваа обука да ја подигнете вашата карира на повисоко ниво. Обучувач Иван Христов, дипломиран психолог и едукант по Гешталт психотерапија Цена на обука: 800 МКД За уплати до 01 март 2021 попуст во износ од 10%.

Распоред на сесии

Контакт

+38972697481

contact@firstfivemk.com