Search

Упис во Регистар на вистински сопственици

Од 27 јануари 2021 година, започна да тече рокот од 90 дена за пријавување на податоците за вистинските сопственици во Регистарот на вистински сопственици.

Сите правни лица обврзани се да ги запишат вистинските сопственици во регистарот на вистински сопственици, при Централен Регистар. Пријавите во регистар на вистински сопственици се поднесуваат исклучиво и единствено по електронски пат.


Рок за пријавување на вистински сопственици е 90 дена започнувајќи од 27 јануари 2021. Уписот во законскиот рок е без надомест. Рок за поднесување на новосоновани правни лици и за упис на измени кај постоечки правни лица е 8 дена од настаната промена.

Напомена: Во период од 90 дена (започнувајќи од 27.01.2021), сите уписи - вклучувајќи и уписи за новоосновани субјекти се без надомест и со рок од 90 дена (започнувајќи од 27.01.2021).


Кој може да поднесе пријава за упис?

Пријава за упис на вистински сопственик може да поднесе овластено лице на правниот субјект, регистрациони агенти, сметководители и адвокати како и било које друго лице овластено од правниот субјект које поседува соодветен дигитален сертификат.

За вистинитоста на податоците одговара исклучиво и единствено правниот субјект без оглед на тоа кој физички ги внесува податоците во регистарот.


Што е вистински сопственик?

„Вистински сопственик" е секое физичко лице (лица) кое е краен сопственик на клиентот или го контролира клиентот и/или физичко лице (лица) во чие име и за чија сметка се извршува трансакција. Поимот вклучува и физичко лице (лица) кое врши крајна и ефективна контрола над правно лице или странски правен аранжман.

Според Член 19 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам вистински сопственик се утврдува како:

  1. Физичко лице (лица) кое е сопственик на правното лице или го контролира правното лице преку директна сопственост на доволен процент на удели, акции, вклучително и акции на доносител или право на глас или други права во правното лице;

  2. Физичко лице (лица) кое го контролира правното лице преку индиректна сопственост на доволен процент на удели, акции, вклучително и акции на доносител или право на глас или други права во правното лице или

  3. Физичко лице (лица) кое на друг начин остварува контрола на правното лице.

Индикатори на сопственоста

Индикатор на директна сопственост е сопственоста на над 25% од уделите, правата на глас или други права во правното лице или сопственоста на 25% плус една акција.

Индикатор на индиректна сопственост е сопственоста или контролата на физичко лице (лица) над едно или повеќе правни лица кои поединечно или заедно имаат над 25% од уделите или 25% плус една акција.

Доколку не може да се утврди кое лице/а е директен или индиректен сопственик, во тој случај за вистински сопственик/ци е/се смета лицето/та кое на друг начин остварува контрола на правното лице.


Како се поднесува пријавата за упис во Регистар на вистински сопственици?

Пријавувањето се врши преку Централен Регистар, со пристап до електронски систем. За да се поднесе пријава во регистарот потребно е да се обезбедат следните услови:

  • дигитален сертификат од КИБС или Телеком;

  • креиран кориснички налог во Централен Регистар;

  • пристап до регистарот на вистински сопственици.


Постапка

Подносител на пријава го пополнува барање за овластување за внес на податоци. Барањето за овластување е електронско полномоштво за внес на податоци.

Во барањето се внесува матичен број, со што системот повлекува податоци за правно лице. Барањето се потпишува со дигитален сертификат и се испраќа на официјалниот емаил до правниот субјект за кој се бара овластувањето. Со отварање на линкот добиен во емаил, се отвора прозорец каде што барањето се одобрува или одбива. По одобрување на барањето, овластувањето е авторизирано. Барателот може да внесува вистински сопственци за сите правни лица за кои има добиено овластувањето.


За поддршка или помош при поднесување на пријавата и упис на вистински сопственици контактирајте не на: sarizanov@firstfivemk.com


Повеќе информации и детали за постапката и условите на упис на вистинските сопственици на следниот линк: https://bit.ly/3rdW4wH .




36 views0 comments
F5Advisory

Life Work Balance