Значењето на животот, на нашиот живот, е она коешто избираме да го дадеме.

Живот

Избор за да ја создадеме нашата приказна.

Животот е суштество во потрага по значење. Или можеби Бог имал посебна цел во нашето создавање, и оваа посебна цел е „смислата на животот". Биолозите ќе кажат дека животот е збир на функции како што се метаболизам, раст, репродукција, и одговор на стимуланси или адаптација на животната средина кои потекнуваат од внатрешноста на организмот. Или животот е непрекината низа на остварување, слабост, откритие, дилема, предизвик, досада, тага, разочарување, благодарност, давање и примање, емпатија, мир, реакции на сите видови на стимуланси - на допир, љубов, пријателство, загуба. Човечкиот живот можеби не е создаден со претходно определена цел, но тоа не треба да значи дека не може да има смисла, ниту пак дека оваа смисла не може да биде добра, ако не и многу подобра отколку која било предефинирана.

Фази. Која фаза од животот е најважна? Некои можат да тврдат дека детството е клучна фаза, кога мозокот на детето е отворен за нови искуства и сознанија што понатаму ќе влијаат на остатокот од животот. Други тврдат дека тоа е адолесценцијата или младоста, кога физичкото здравје е на врвот. Некои можат да го слават возрасното доба - зрелоста, бидејќи тоа е обично најплодната и најпродуктивната фаза на животот. Многу култури низ светот го вреднуваат третото доба повеќе од кое било друго, докажувајќи дека во оваа фаза човекот ја има потребната мудрост да ги води другите. Кој е во право? Вистината е дека секоја фаза од животот е еднакво важна и неопходна за благосостојбата на човештвото. Секоја фаза од животот има своја единствена вредност да придонесе за светот. Треба да ја разбереме секоја од овие вредности ако сакаме да градиме свесно и високоразвиено општество во кое се почитуваат најдлабоките човечки потреби. Треба да ја почитуваме и да ја заштитиме секоја фаза од животот.

Вредности. Денешниот свет се стреми кон материјализам. Материјализам, закана што може да ги мачи и богатите и сиромашните, а која истражувачите ја дефинираат како „систем на вредности, кој е преокупиран со имотот и креирање на социјалната слика". Материјализмот е општествено деструктивен и истовремено авто-деструктивен. И ова не се однесува на разликите меѓу богатите и сиромашните: сиромашните можат да бидат подеднакво чувствителни на материјализмот како и богатите. Тоа е општо социјална болка и закана, насочена кон нас преку владините политики, корпоративните стратегии, колапсот на заедници и граѓанскиот живот, и секако нашето прифаќање на системот кој нè уништува од внатре кон надвор. Затоа, треба да бидеме многу внимателни кога ги поставуваме нашите цели и ги дефинираме нашите вредности.

Врски. Ако некогаш сте разговарале со некој пријател кој што во текот на разговорот го прегледува Инстаграм или Фејсбук, можеби сте се запрашале што прават социјалните медиуми за меѓучовечките односи. Социјалните медиуми ги еродираат основните темели за тоа како луѓето се однесуваат меѓусебно. Изобилство на информации и виртуелни луѓе околу нас, а во исто време осаменост. Сигурност зад профилот, а ризици од губење на идентитетот. Но, во исто време, би било погрешно да кажеме дека социјалните медиуми се универзално лоша работа, бидејќи тие носат многу придобивки во нашите животи. Социјалните медиуми влијаат на луѓето поинаку, во зависност од особините на личноста и начинот на користење.

Без разлика дали го дефинираме значењето на животот, дали живееме во одредена фаза од нашиот живот, дали ги одбираме нашите вредности или создаваме односи, имаме избор. Избор за да ја создадеме нашата приказна. Имаме избор да ја создадеме нашата лична, уникатна приказна.

Значењето на животот, на нашиот живот, е она коешто избираме да го дадеме. Која е твојата приказна? Ајде заедно да ја креираме најдобрата.

©2020 by First Five Association. 

Аминта Трети 58/1-15, IV кат

1000 Скопје

www.firstfivemk.com

+389 72 697 481

+389 2 3 126 135