Живот

Животот. Животот е суштество во потрага по значење. Или можеби Бог имал посебна цел во нашето создавање, и оваа посебна цел е „смислата на животот". Биолозите ќе кажат дека животот е збир на функции како што се метаболизам, раст, репродукција, и одговор на стимуланси или адаптација на животната средина кои потекнуваат од внатрешноста на организмот. Или животот е непрекината низа на остварување, слабост, откритие, дилема, предизвик, досада, тага, разочарување, благодарност, давање и примање, емпатија, мир, реакции на сите видови на стимуланси - на допир, љубов, пријателство, загуба. Човечкиот живот можеби не е создаден со претходно определена цел, но тоа не треба да значи дека не може да има смисла, ниту пак дека оваа смисла не може да биде добра, ако не и многу подобра отколку која било предефинирана.

Работа

Зошто луѓето што работат? Ако ги прашате луѓето зошто работат, повеќето ќе кажат за пари. Некои тврдат дека постигнувањето успех е главната причина за работата. Успехот сепак оди рака под рака со напорна работа. Нема трик, нема лесен начин. Значи, ако сакаме да успееме, треба да работиме напорно. Обично, напорна работа значи нешто како 60 или 70 часа неделно (понекогаш 80 или 90), работа дома во вечерните часови и за време на викендите, и континуирано жонглирање на повеќе проекти во избезумен обид да ги завршиме сите. Напорна работа резултира со свои интригантни награди: пари, гордост, чувство за достигнување, почит. Но, има и свои предизвици.

Рамнотежа

Потрага за животна рамнотежа е во постојана. Секогаш во тек. Нема видлив ниту предвидлив крај. Рамнотежата може (и треба) да изгледа различно за секого, врз основа на она што е најважно за вас. Можеби има периоди во животот кога сте фокусирани на кариера и личен развој и други периоди кога фокусот ви се врти кон семејство или омилено хоби.

©2020 by First Five Association. 

Аминта Трети 58/1-15, IV кат

1000 Скопје

www.firstfivemk.com

+389 72 697 481

+389 2 3 126 135