Персонални Професионални Услуги

Грижа и нега на деца

Воспоставување рамнотежа помеѓу животот и кариерата е предизвик сам по себе. Да се пронајде некој кој ќе помогне во одржување на таа рамнотежа – тоа веќе треба да биде полесно. Поради тоа постоиме ние. Ние сме родители и работиме за родителите. Нашата цел е Вашето отсуствување од дома да биде без грижи и стрес. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со којшто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме различноста и индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Како родители ние можеме да го разбереме секој родителски страв, очекување, предизвик и поради тоа сакаме на секој родител да му овозможиме да ужива во одгледувањето на своите деца.
Приклучете се во BabySitting Service. Единствена платформа за семејства и дадилки каде што на едно место можат да најдат опции за грижа и нега деца, регулаторна рамка, совети од експерти за ран детски развој, како и најновите достигнувања во детска психологија.

Советници за доење

Новороденото бебе има само три барања. Тие се: топлина во рацете на својата мајка, храната од градите и сигурноста која ја чувствува во присуство на мајката. Доењето ги задоволува сите три. Тоа е еден е од факторите кои ќе имаат исклучително важно влијание на животот на вашето дете, како физички така и емоционално. Освен за бебето доењето е важно и за вас, за вашето тело и вашето здравје. Можеби доењето не е прифатлив избор за секој родител, но секако е најдобриот за секое бебе. Наши советниците за доење работат како консултанти/советници со јасно и апсолутно разбирање дека одлуките за доење се направени од мајката, која може да има вредности и цели различни од советникот. Според тоа, нивната примарна улога е да обезбедат информации базирани на докази и да ги поддржуваат мајките преку индивидуални или групни состаноци, по телефон или онлајн.

Родителство

Како да се справите со предизвиците на родителство? Како да ја преживеете прва година со бебе? Одлучувате помеѓу различни опции за згрижување деца? Кои се развојните фази во првите пет години? Многу прашања за секој еден што за прв пат е родител. Позитивното родителство е концепт кој подразбира правење избори кои ги одразуваат вашите верувања и вредности како родител, возраста и стадиумот на вашето дете и неговиот или нејзиниот темперамент. Позитивното родителство не е концепт кој запоставува дисциплина и му овозможува на детето да прави што сака. Позитивното родителство е избор на родителот да биде активно вклучен во поврзувањето со детето и неговиот раст и развој.

Советување за домашни миленици

Одлука да имате милениче во домот секако е возбудлива, но дефинитивно не е одлука која ја носиме лесно. Ако размислувате да вдомите или купите куче, размислете дали сте во можност да се грижите за вашиот нов пријател цел неговиот живот – што може да биде петнаесет години или повеќе! Исто така, треба да размислите за вашата животна состојба, колку слободно време имате и што очекувате од домашно милениче. И покрај тоа што одлучувате за нешто убаво сите прашања и грижи кои се наметнуваат можат да дополнително да Ве збунат. Нашиот експерт за миленичиња може да ви помогне при процесот на селекција на миленикот, финансиски аспекти, потребната обука и долгорочните импликации од чување на миленик. Резервирајте сесија со нашиот експерт и безбедно започнете нова авантура во Вашиот живот.

©2020 by First Five Association. 

Аминта Трети 58/1-15, IV кат

1000 Скопје

www.firstfivemk.com

+389 72 697 481

+389 2 3 126 135