Ние веруваме дека за да се биде најдобар, индустријата бара повеќе од остварување на високи приходи.

Професионални Консалтинг Услуги

Ние работиме во консалтинг секторот затоа што навистина уживаме во интелектуалната интеракција со нашите клиенти. Не затоа што мораме или што имаме потреба да изградиме огромна компанија и да го преземеме секој проект. Туку затоа што сакаме. Крајниот резултат е дека сме селективни во однос на проекти што ги преземаме и природата на клиентите со кои работиме, како и во бескомпромисна професионалност и квалитет што го даваме на секој наш клиент.

Нашите консултантски услуги се фокусираат на најкритичните прашања и можности на нашите клиенти: стратегија, лидерство, продажба, аналитика, корпоративно финансирање и даночна стратегија. Во нашата работа применуваме длабока, функционална експертиза, но сме познати по нашата единствена перспектива: ја разбираме суштинската вредност, индивидуалност и специфики на еден бизнис. Не постои единствен урнек за бизнис план, маркетинг стратегија, извештаи. Секој клиент, секое претпријатие е единствено и има специфични потреби.

Секогаш кога малите бизниси ангажираат консултант, тие ризикуваат да потрошат пари, а да не го постигнат посакуваниот исход. Ова е реален ризик бидејќи многу консултантски фирми ветуваат многу, а исполнуваат малку. Ние веруваме во принципите што го водат нашиот процес на избор на клиенти. Принципите ја создаваат природата и пристапот на нашите услуги и ја диктираат нашата заложба да испорачаме услуга што може да се дефинира како услуга со додадена вредност.
Ние разбираме дека Вашата деловна активност е уникатна и посебна, ние разбираме дека Вашиот бизнис е дел од Вашите соништа, дел од Вас и затоа кон секој клиент имаме индивидуален и личен, прилагоден пристап.

Кога станува збор за мерење на врвните, успешните бизниси во индустријата, приходот е крал.
Ние веруваме дека за да се биде најдобар, во индустријата потребно е повеќе од остварување на високи приходи. Потребно е влијание и придонес во општеството. Ние одлучивме да градиме благосостојба не само за нас, туку подобра иднина за сите луѓе, луѓе на кои им е одземена можноста да водат пристоен, достоинствен и наградуван живот и да го постигнат својот целосен човечки потенцијал. Затоа развивме услуги за социјално советување, дизајнирани за социјални претприемачи и социјални претпријатија. Ние го поддржуваме развојот на социјалниот екосистем, обезбедувајќи про-боно консултантски услуги за социјалните претпријатија и социјалните претприемачи.

Создавање на средина за развој на социјалните бизниси, со цел хуманизација на бизнисот и деловните активности од сите аспекти. Тоа е нашиот придонес кон општеството.


©2020 by First Five Association. 

Аминта Трети 58/1-15, IV кат

1000 Скопје

www.firstfivemk.com

+389 72 697 481

+389 2 3 126 135