White Room

„Човекот без образование е како зграда без темел“.

Образование

Пазарот на труд се менува со незапирлива брзина. Работните места што ќе ги работат генерациите кои денес се во основните училишта, уште не постојат. Работните места што постоеле пред 20 години веќе не постојат. Роботизација, развој на вештачка интелигенција, дигитализација, автоматизација се процеси кои неминовно се случуваат и ги менуваат потребите на пазарот на трудот. За жал за многу работници, овој тренд не покажува знаци на забавување. Овие нови работни места ќе бараат поширок спектар на вештини од оние што во моментов ги учиме во нашите училници.

Свесни сме дека формалното образование не може секогаш да одговори доволно брзо на ваквите предизвици и затоа е потребно да се обезбеди неформално и информално образование, валидација на вештини и компетенции со што ќе се овозможи лесна доквалификација и преквалификација на работната сила. Доживотното учење е реалност и потреба на современото доба. Преку лесно достапни, инклузивни, прилагодени, флексибилни форми на учење се овозможува пристап до пазарот на труд како на младите кои првпат влегуваат на пазарот на труд, така и на работниците кои веќе се дел од него. Неформалното учење комбинирано со формалното образование дава натпросечни резултати и кај децата, односно идните генерации на работната сила.

Нашата социјалната цел – образование достапно за сите, се остварува преку програми за образование на деца и младинци, образование на возрасни, соработка со други образовни организации и установи, како и со бизнис сектор и меѓународни организации кои дејствуваат во образовен сектор. Со ваквото дејствување особено се помага на девојки и жени да имаат ист и еднаков пристап до образование, како и полесно да се надмине мајчинскиот и родовиот јаз, потоа, да има зајакнување и оспособување на лица во социјална загрозеност, невработени лица да се вклучат на пазарот на трудот, и да се креира инклузивен пристап на лица со потешкотии во развој.

Ние веруваме дека образованието е доживотно патување кое треба да продолжи и во зрелото доба. Образованието за возрасни ги трансформира животите. Отвора нови можности за работа, создава патеки до учење, ги активира уметничките страсти на луѓето и гради нови социјални мрежи. Ова е причината зошто ние сме фокусирани на доживотно учење, со надеж дека еден ден, секој ќе може да ги постигне своите цели.
Нашиот пристап вклучува надминување на празнините во образовниот систем за да обезбедиме сите ученици да имаат пристап до образование што ги подготвува за иднината. Основните принципи на кои е заснован нашиот пристап во образованието се:
- Промена на начинот на кој размислуваме кога и каде се случува учењето,
- Трансформација во поглед на тоа како и што учиме,
- Континуирано преиспитување како ние го поддржуваме учењето.

Образованието им помага на луѓето да размислуваат, чувствуваат и да се однесуваат на начин што придонесува за нивниот успех и го подобрува не само нивното задоволство, туку и нивната заедница. Образованието ни помага да ги подучуваме другите на морал, манири и етика во нашето општество. Образованието нè тера да гледаме на пречките како на предизвици што треба да се надминат без страв. Го проширува нашиот поглед на свет. Ги развива способностите за борба против неправдата, насилството, корупцијата и многу други негативни појави во општеството.

Без образовани луѓе, овој свет не може да стане подобро место. Затоа е потребно соодветно образование за да се претвори овој свет во подобро место за живеење.

©2020 by First Five Association. 

Аминта Трети 58/1-15, IV кат

1000 Скопје

www.firstfivemk.com

+389 72 697 481

+389 2 3 126 135