White Room

Веруваме во општество во кое владее хармонија, самосвесност, неоптеретено со материјализам, завист, омраза, алчност.

Непрофитен Сектор

Општество во кое човечката свест е на ниво, во кое се тежнее не само кон одржливост туку и кон прогресивен развој на секој поединец и самото општество. Општество во кое владее хармонија, самосвесност, неоптеретено со материјализам, завист, омраза, алчност. Општество во кое човек на човек му е пријател. Општество во кое се создава и живее денес, а се гради подобра иднина за следните генерации.

Основната цел на Асоцијацијата е поддршка и помош на поединци да живеат достоинствен и исполнителен живот, преку унапредување на образование и промовирање на доживотно учење, хуманизација на работа и работно место, креирање и одржување на цврсти и долгорочни врски, зајакнување на вредности, морал, етика и различности, разбирање и вреднување на сите фази во животот на поединецот (детство, зрелост и трето доба), зачувување и разумна употреба на ресурси, минимизирање на отпад и губитоци, промовирање на свест за одржлив развој и креирање на животен стил во согласност со природата.

Дејствувањето на непрофитни, невладини организации секогаш подлежи под ризик за одржливост. Организациите во главно функционираат врз основа на донаторски средства и по завршување на проектите се поставува прашањето за опстанок на организацијата. Глобалните трендови сепак одат кон создавање на само одржливост на организациите така што е потребно истите да имаат развиено продукти, услуги, активности или процеси кои ќе се одвиваат континуирано. Поради недостатокот на ресурси и човечки и материјални, организациите не се во можност да ја постигнат одржливоста. Оттаму е потребно нивнозајакнување преку учење, управување, советување и поддршка.

Невладините, непрофитни организации во изминатиов период се охрабрија на чекор повеќе и започнаа да влегуваат во таканаречени „бизнис води“ и тоа преку социјални претпријатија, кои создаваат вредност преку продукти и услуги што ги нудат на пазарот и истата ја насочуваат кон остварување на социјална цел. Сепак овие социјални претпријатија се во почетна фаза на развој и се соочуваат со кадровски, финансиски, маркетиншки предизвици, кои поради немање на ресурси не можат или не знаат како да ги решат.

Социјалните претпријатија кои функционираат засебно (надвор од непрофитни, невладини организации) имаат исклучителни цели кои придонесуваат кон општеството, решавање на одредени проблеми, помагање на поединци и заедници, соочување и борење со социјални предизвици, исто така се соочуваат со проблемите кои ги имаат и погоре наведените социјални претпријатија. Оттаму една од причините за давање на социјални, непрофитини услуги, е зајакнување на капацитетите на постоечки и новоосновани социјални претпријатија, помош при пазарно позиционирање и планирање на одржливост, дефинирање и редефинирање на социјални цели, промовирање на добри практики и поттикнување на социјални иновации.
Асоцијацијата ја врши својата дејност како инкубатор и менторска организација на други социјални претпријатија.

©2020 by First Five Association. 

Аминта Трети 58/1-15, IV кат

1000 Скопје

www.firstfivemk.com

+389 72 697 481

+389 2 3 126 135