Sunset Sailboats

Факти

First Five е основана во 2013 година како невладина, образовна и бизнис-ориентирана организација. Нашиот бизнис модел се базира на подобрување на образованието во раното детство, како и кај младите преку учење базирано на реалниот живот. Врз основа на одлуката на организацијата да ги диверзифицира услугите, First Five нуди висококвалитетен пакет на услуги кој опфаќа консултантски услуги за поединци, консултантски услуги за компании, како и бизнис ориентирана едукација. Низ годините  обезбедуваме успешни семинари, едукативни работилници, консултантски услуги и менторство на поединци. Активностите на First Five  се базирани во Македонија, меѓутоа истите услуги ги нудиме и во регионот.


Визија

Општество во кое човечката свест е на ниво во кое се тежнее не само кон одржливост туку и кон прогресивен развој на секој поединец и на самото општество. Општество во кое владее хармонија, самосвесност, неоптеретено со материјализам, завист, омраза, алчност. Општество во кое човек на човек му е пријател. Општество во кое се создава и живее денес, а се гради подобра иднина за следните генерации. 


Мисија

Развој на поединци, во секоја фаза на животот.


Цели

Основната цел на Здружението е поддршка и помош на поединци да живеат достоинствен и исполнителен живот, преку унапредување на образование и промовирање на доживотно учење, хуманизација на работа и работно место, креирање и одржување на цврсти и долгорочни врски, зајакнување на вредности, морал, етика и различности, разбирање и вреднување на сите фази во животот на поединец (детство, зрелост и трето доба), зачувување и разумна употреба на ресурси, минимизирање на отпад и губитоци, промовирање на свест за одржлив развој и креирање на животен стил во согласност со природата. 


Вредности
Животот е на прво место.
Нашите вработени се нашата инвестиција.
Нашите клиенти се наше огледало. 
Растеме преку иновации и постојано учење.
Вистина, чесност и интегритет се бескомпромисни.
Успехот има различно значење за секого. Ние го почитуваме тоа. 

©2020 by First Five Association. 

Аминта Трети 58/1-15, IV кат

1000 Скопје

www.firstfivemk.com

+389 72 697 481

+389 2 3 126 135