Multimedia

ММСП Консалтинг

Нашите советодавни и консалтинг услуги главно се насочени кон микро, малите и средните претпријатија, вклучувајќи ги и стартапи. Тука сме да помогнеме да ги насочите вашите идеи и стратегии и да ги обликувате во одржлив бизнис. Ние ги предизвикуваме вашите претпоставки, пополнуваме празнини во размислувањето. Бизнис план не е документ, што стои во фиока или се покажува во банка или АВРМ, тој е алатка за постигнување на одредена цел. Цел на вашата компанија, вашата деловна идеја. Ние даваме конкретни консултантски услуги на претприемачи за да им помогнеме да ја максимизираат својата позиција и да постигнат финансиски и деловен успех. Нашиот фокус е вашиот успех и раст.

Даночно Советување

Како што рече Бенјамин Френклин: „Во овој свет ништо не може да се каже дека е сигурно, освен смртта и даноците“. Значи, ако веќе даноците се толку извесни и постојани, дозволете ни да ви помогнеме да ја трансформирате сигурноста во вашата даночна стратегија. Ние ви нудиме практични, комерцијални и социјално одговорни совети од нашите најискусни експерти за правни и даночни совети. Заедно, ние сме посветени на изнаоѓање на најдобри можни решенија за вашиот бизнис и се грижиме за вашиот идентитет и репутација. Нашите даночни услуги, вклучувајќи даночно планирање, даночна усогласеност и превентивна ревизија, пресметка на плати, данок на имот, персонален данок и данок на доход.

Ревизија на перформанси

Денешниот бизнис императив е континуирано подобрување, мерење на перформанси и поврат на инвестицијата. Ова го прави зајакнувањето на перформансите преку подобрување на економијата, ефикасноста, ефективноста и транспарентноста и намалување на ризикот, од витално значење за сите типови организации. Една од клучните алатки што ја користиме за контрола и унапредување на перформанси е ревизија на перформанси. Ревизија на перформанси овозможува поуздано извршување на проекти, програми, активности и функции во однос на економијата, ефикасноста и ефективноста, но исто така и во однос на аспектите на животната средина и правичноста.
Сакате да го унапредите процесот во критичните точки, да дојдете до препораки каде може да се направи подобрување, да го предвидите влијание на иднината? Нашиот тим ви стои на располагање.

Бизнис Стрес Тест

Долго време Стрес Тест на капитал беше алатката што ја користат само финансиски организации – банки, осигурителни компании, инвестициони фондови и слично. Веруваме дека секоја нефинансиска компанија треба да донесе аналоген пристап кон „докажување на иднината“ на сопствениот капитал. Ние користиме поширока, стратешка дефиниција на стресот што опфаќа не само традиционални макроекономски, општествени ризици иако што се каматни стапки, рецесии, цени на нафтата и експропријација - туку и фактори како што се технолошки промени и иновации, преземања и спојувања, сајбер ризици. Компаниите носат несоодветни стратешки решенија или работат само со оперативни планови- дури и во бенигна економска и геополитичка клима лесно можат да се најдат пред голема опасност за опстанок и продолжување на работа. Ние веруваме дека стресот е симетричен и заканата може да дојде како од опасности, така и од пропуштени можности.
Поради тоа на нашите клиенти им овозможуваме да ја тестираат нивната компанија на стрес според прилагодена алатка за нефинансиски компании.

Известување

Денес секоја организација бара услуги за финансиско известување. Финансиското известување и анализата станаа клучни за сите бизниси, бидејќи финансиските извештаи се неопходни за да се проценат финансиските перформанси на компанијата. Преку финансиска анализа компанијата открива дали остварени перформанси се одлични, добри или лоши. Но, пред се потребно е финансиска анализа да ја користиме за планирање и креирање на стратегија. Дали во наредната година компанијата ќе има раст? Доколку да врз основа на што? Диверзификација, сегментација, проширување? Дали избрана стратегија ќе ги привлече финансиски средства и инвеститори? Дали компанијата е усогласена со стандарди на известување? Дали има промени во стандарди кои ќе влијаат на компанијата во наредната година?
Нашата улога е да им помогнеме на нашите клиенти да ги решат овие прашања и да ги подобрат процесите како во финансиско известување и анализа, така и во интегрална употреба на анализите во стратешки одлуки на компанијата.

Иновативни Бенефиции за Инвестиции

Воспоставување на рамнотежа помеѓу деловен и приватен живот (work-life balance) е предизвик со кој се соочуваат како работодавачи така и вработени. Флуктуацијата на вработените, високи трошоци на обука и тренинг, платени и неплатени отсуства, потешкотии во задржување на вработените само се дел од проблемите со кои се сочуваат работодавачите. Од друга страна, распоред на работно време, потреба за дополнителна и континуирана едукација (и време за истата), рокови, прекувремена работа се клучни фактори кои ги потенцираат вработените во однос на воспоставување на work-life balance.
Посебен предизвик се млади семејства со двајца вработени родители и дете/деца од предучилишна возраст, па се до навршување на 12 години.
Вработените се инвестиција на компанијата. Како да остварувате приход од вашата инвестиција. Анализа на потреби, креирање и анализа на бизнис модел прилагоден на компанијата, анализа и ревидирање на политики поврзани со човечки ресурси, влијание во иднина се дел од алатките со кои тоа можете да го направите. Побарајте не, заедно да го направиме пакет на бенефиции кои дава резултати во реалноста, не на хартија.

Регулаторен и Ризик на Усогласеноста

Компаниите во сите индустрии се соочуваат со глобалното ширење на различни регулаторни побарувања, очекувањата на засегнатите страни и промените во деловниот модел. Компаниите се соочуваат со предизвик да ги почитуваат законите и прописите, а истовремено да ја зголемуваат вредноста и да прошируваат бизнисот. Иако регулатива и усогласеност се повеќе се зголемуваат, сепак многу фирми сеуште не преземаат интегриран пристап кон ризикот. Усогласеност со законите, правилата, стандарди во одредена област, пропишани практики и етички стандарди е важна не само заради исполнување на форма кон регулаторот туку и за градење бренд, зголемени деловни можности, респектабилна репутација, препознатливост кај клиенти и помеѓу конкуренција.
Нашите експерти се тука да Ви помогнат за подготовка на извештаи, компаративни анализи, комуникации со државни органи и установи, како и со „јаз“ анализата, изготвување на релевантни политики и оперативни процедури, проценка на влијанието на внатрешни процеси и бизнис модел.

©2020 by First Five Association. 

Аминта Трети 58/1-15, IV кат

1000 Скопје

www.firstfivemk.com

+389 72 697 481

+389 2 3 126 135